Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: ДПМНЕ да номинира работна група и да продолжи дијалогот за уставните измени

Државата, соопштуваат од партијата на власт, има историска шанса и силна поддршка од стратешките партнери ЕУ и САД за продолжување на европскиот пат.

Добро е, велат од таму, што се воспостави дијалог и што Мицкоски јавно соопшти дека не е против уставни измени и прифаќа учество во заедничка Влада.

„Сега дијалогот треба да продолжи, ДПМНЕ да ја прифати подадената рака. СДСМ веќе предложи работна група од највисоки партиски претставници. Сега, на ред е ДПМНЕ да номинира работна група и да продолжи дијалогот за уставните измени. Се работи за носење одлука од која зависи остварувањето на уште една стратешка цел на државата, членство во ЕУ“, децидни се од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Бислимоски го информирал Собранието за оставката, РКЕ му се заблагодарува за долгогодишната соработка

C +

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

C +

Мицкоски: Владата проактивно работи на реновирање на туристички сместувачки капацитети, очекувам 2026 година да имаме раст на бројот на туристи

C +