23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Најчевска: Внесувањето на Бугарите во Уставот е гаранција дека ќе почне процес на агресивна асимилаторска политика на Бугарија кон Македонија

Професорката Мирјана Најчевска со свој став на социјалните мрежи околу внесувањето на Бугарите во македонскиот устав.

„Според мене, внесувањето на Бугарите во Уставот на Македонија е гаранција дека ќе започнат преговорите со ЕУ, но и гаранција дека ќе започне процес на агресивна асимилаторска политика на Бугарија кон Македонија“, пишува Најчевска во нејзината објава.

Тоа, како што вели, е гаранција дека Македонија ќе биде ставена во подредена положба во сите натамошни преговори со Бугарија.

„Не е гаранција дека Македонија ќе влезе во ЕУ. Мора да седнеме и да побараме опција која ќе не задржи на европскиот пат, но нема да не стави во подредена положба во однос на Бугарија. За вакво нешто треба да се формираат работни групи а не за меѓусебно убедување и надмудрување“пишува професорката.