Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Деца од Аеродром донесени во болница со црвенило во устата, се напиле дизентал оставен на шанк во игротека на роденденска забава

На 11.06.2023 во 20.40 часот во Полициската станица Аеродром, од ЈЗУ – Клиника за детски болести било пријавено дека во 18.00 часот во клиниката биле донесени тројца малолетници со црвенило на слузница во устата.

Според пријавеното, децата биле на роденденска забава во игротека на подрачје на Аеродром, а по преземени мерки и извршени разговори со родителите и вработените било утврдено дека децата се напиле од течност од шише, најверојатно дизентал, кое било оставено на шанкот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски и Орбан – ист модел, корупција на сите нивоа!

ДЕСК

Министерот Андоновски го пречека претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, на аеродромот во Скопје

ДЕСК

Платите во Министерството за правда ќе растат за 21%, Филков го потпиша колективниот договор

ДЕСК