Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Маж во Ѓорче фатен со украдено возило од „рент а кар“ и марихуана

Вчера на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници го привеле Н.М.(24) од с.Бојане, скопско.

По извршени проверки било констатирано дека возилото „дачиа сандеро“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, било пријавено за одземено од рент а кар компанија. Исто така, кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случаите против него ќе бидат поднесени соодветни пријави, велат од МВР.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски и Орбан – ист модел, корупција на сите нивоа!

ДЕСК

Министерот Андоновски го пречека претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, на аеродромот во Скопје

ДЕСК

Платите во Министерството за правда ќе растат за 21%, Филков го потпиша колективниот договор

ДЕСК