Општина Ѓорче Петров донесе итна одлука за доделување финансиска помош од 300.000 денари за Општина Делчево за санирање на последиците од синоќешното силно невреме.
„Општина Ѓорче Петров е првата скопска општина која експресно донесе одлука за помош на погоденото подрачје. Солидарноста е синоним за Ѓорче Петров, а покажувањето хуманост во вакви тешки моменти е големина на големите. Ние сме секогаш на страната на најголемата човечка особина и доблеста на еден поединец или колектив.
Без разлика на партиска, верска или каква било друга разлика, во моменти на вакви непогоди, наша морална должност е на каков било начин да им помогнеме на нашите колеги. Благодарност до сите градоначалници и тимови од другите општини, кои на каков било начин учествуваат во помош на погоденото подрачје.
Нашата парола е „Модерно, урбано и хумано“ и тоа никогаш не смееме да го заборавиме!“, соопштија од Општина Ѓорче Петров.