Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Сообраќајна несреќа во Неготино, едно лице заврши со тешки повреди

Вчера, во Неготино, се случила сообраќајна несреќа, при што едно лице со тешки повреди е префрлено во болница.

„На 7.6.2023, во 14 часот, во ОВР Неготино било пријавено дека на крстосницата од улиците Фемо Кулаков и Владо Арсов-Шпанац во Неготино, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“, со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од А. Д. (28) од Кавадарци, и товарно возило „фиат“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Л. П. (26) од Неготино. Во несреќата тешки телесни повреди добил Л. П. констатирани во Општата болница Кавадарци“, објави МВР.

Увид на местото извршила екипа од ОВР Неготино.

Можеби ќе ве интересира

Пред Велигден под лупа: Агенцијата за храна со засилени контроли на јајца, месо и бои

C +

Дожд, снег и засилен ветер до петок: циклон носи над 50 литри дожд

C +

Мицкоски во Будимпешта ќе се сретне со Орбан

C +