Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

Маричиќ: Подготвени сме за работни групи со опозицијата за имплементација на идејата за уставните измени

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во гостувањето во „Аудиториум“ истакна дека премиерот Димитар Ковачевски имал јасна позиција и понуда до опозицијата – веднаш да се гласа за потребата за отворање на Уставот, потоа да се формира и Влада во која ќе учествува и опозицијата, а потоа да се доврши процесот на уставните измени и да се заврши скрининг фазата.

-Денеска опозицијата некако ретерира од ставот дека е за уставните измени за разлика од вчера. Ние сме подготвени уште веднаш да се формираат работни групи и тимови како да се имплементира оваа идеја, кажа Маричиќ.

Тој додаде дека власта е подготвена да иницира и Закон за преговорите со ЕУ, за сите да имаат сигурност дека нема да се задира во идентитетот.

-ВМРО-ДПМНЕ не треба да ја одбие понудената рака за соработка, ние уште денес би стапиле во комуникација дали може да се продолжат средбите, не мора да се на највисоко ниво, туку средби на било какво ниво. Понудената рака е великодушна од сите партии, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ нема причина да не гласа за уставните измени кои ни се толку многу потребни, истакна Маричиќ.

Можеби ќе ве интересира

Бислимоски го информирал Собранието за оставката, РКЕ му се заблагодарува за долгогодишната соработка

C +

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

C +

Мицкоски: Владата проактивно работи на реновирање на туристички сместувачки капацитети, очекувам 2026 година да имаме раст на бројот на туристи

C +