4.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Талески: ВМРО-ДПМНЕ преку Мицкоски кажа дека не се против уставните измени

„Она што е факт по лидерската средба е дека ВМРО-ДПМНЕ, преку претседателот Христијан Мицкоски кажаа дека не се против уставните измени. Тоа е пресврт во самиот процес, со оглед на тоа што ВМРО-ДПМНЕ долго време држеше теза дека се против уставните измени“ изјави пратеникот од СДСМ, Миле Талески во „24 анализа“ на ТВ24.

Тој додаде дека ова е промена на ставот на ВМРО-ДПМНЕ, со оглед на тоа што само два часа пред лидерската средба, потпретседателот на партијата, Тимчо Муцунски по седницата на Извршниот комтет даде изјава дека ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа промена на уставот.

„Два часа потоа Миццкоски рече дека не се против промена на уставот, но под одредени услови. Тоа е пресвртница во целиот процес“ рече Талески.

Пратеникот од СДСМ рече дека целта на владата е да се направи мобилизација, со цел да се направат уставните измени и државата да го зграпчи моментот за членство во ЕУ.

„Ние го поддржуваме моментот на промена на ставовите во ВМРО-ДПМНЕ и го поддржуваме отвораниот дијалог за условите од денешната средба. ВМРО-ДПМНЕ од денес влезе во процес за дискусија за отворање на Уставот“ рече Талески.