14. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

МТСП: Продолжува социјалниот дијалог на Економско социјалниот совет

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска претседаваше со десеттата седница на Економско социјалниот совет. На седницата беа присутни Заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, министерот за финансии, Фатмир Бесими, министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, заменик министерот за економија, Зоран Маневски, претставници на институциите, претставници на синдикатите и претставници на работодавачите.

На состанокот од страна на претставниците на Владата беше презентирана предлог Методологија за пораст на платите во јавниот сектор.

По конструктивна дискусија од страна на претставниците на синдикатите во однос на предлогот, се донесе заклучок синдикалните организации да го разгледаат предлогот и да достават забелешки или нови предлози до Министерството за труд и социјална политика.

Наредната седница на Економско социјалниот совет ќе биде одржана откако ќе бидат доставени предлозите од синдикатите за Методологија за пораст на платите во јавниот сектор.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Кога институциите молчеа, ние ја кренавме вистината за Кочани

ДЕСК

Филипче: Никој во Кочани не може да оди со крената глава, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

ДЕСК

Филипче од Виница: ВМРО-ДПМНЕ ја остави Виница без ниту еден проект, во долгови, смет и зголемени сметки

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.