25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Ова за мене не е борба за власт, туку борба за иднината на државата од која нема да отстапам

Дадов предлог до претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, доколку тие се сложат, заеднички и консензуално да пристапиме на остварувањето на стратешката цел и сите заедно да ги гласаме уставните измени, истакна премиерот Димитар Ковачевски по средбата со лидерот на опозицијата.

-Доколку сите заедно ги изгласаме уставните измени, отворањето, подготвувањето на амандманите, затворањето на уставот, тогаш предложив дека веднаш после последното гласање може да одиме на избори. Тоа е став кој го имам кажано пред неколку месеци и кој јавно јас го имам соопштено меѓутоа и други членови на Владата и коалициони партнери. Меѓутоа во текот на изминатиот период, слушајќи ги сите изјави кои беа давани од страна политичките субјекти, сфатив дека за г.Мицкоски и за ВМРО – ДПМНЕ е важно да бидат дел од власта. За да покажеме дека ние како Влада не сме ориентирани кон добивање на политички поени само за себе и дека не сме водени од свои партиски интерес и дека не сме фокусирани само на резултатот на следните избори, предложив заеднички да го изгласаме отворањето на уставот со 2/3 при што би гласале сите пратеници во Собранието кои што го поддржуваат европскиот пат на државата и кои се определени за ЕУ и веднаш утредента ВМРО – ДПМНЕ да влезе во Владата при што СДСМ ќе ослободи половина од своите места за претставници на ВМРО – ДПМНЕ: На тој начин ќе обезбедим еВлада кој аобединува и која ги обединува сите политички партии кои што се ЗА ЕУ а денес слушнавме дека тоа веќе не е проблем за ВМРО –ДПМНЕ, на тој начин таа Влада во кој аќе бидат дел сите партии кои се за ЕУ – интеграции, кои во минатото покажеле дека се за ЕУ и евроатлански интеграции ќе бидат дел од истата. Ќе го спроведе таа Влада процесот на уставни измени, таа влада ќе го заврши скрининг процесот кој е во тек, таа Влада ќе го затвори процесот на уставните измени и таа Влдаа ќе ги отвори поглавјата како втора фаза од преговрачкиот процес и дури може и да затвори едно или две од поглавјата кои се дел од првиот кластер. И дополнително таа Влада ќе може да ги организира и следните избори, појасни Ковачевски.

Премиерот предложил уставните измени кои ќе се донесат во своите завршни и преодни одредби како што веќе имало случај во минатот, да имаат одредба со која што важат во моментот на одржување на втората меѓувладина конференција која е практично и закажана без никакво одлагање по правењето на уставните измени во преговарачката рамка.

Се друго вон тоа, е разговор надвор од преговарчаката рамка, бидејќи таа е донесена од страна на сите 27 земји членки на ЕУ, цел тим учествуваше во преговори на таа преговарачка рамка, таа беше доставена од француското претседателство и сметаме дека е компромис којшто овозможува прво непречено одвивање на интеграциите на нашата држава, второ заштита на македонските јазик, култура, идентитет во рамки на ЕУ.

-Верзијата која назад ја добив од г.Мицкоски вие ја слушнавте тој ја кажа на прес конференција, дури и образложи што јас сум предложил. Тој сметаше дека некои партии не треба да бидат дел од Владата, некои требало да бидат. Сметам дека на нас ни треба Влада во која што ќе биде едно широко обединување на сите, која што Влада ќе има јасна цел и целите ви ги кажав. Уставните измени, завршување на скрининг процесот, завршување на уставните измени, почеток на отворање на поглавјата дури и затворање на едно или две, и потоа подготовка за следни избори во терминот кој е предвиден согласно со закон. Сметам дека тоа ќе биде Влада на обединување, Влада на ЕУ – интеграција, а не на изолација и на дестабилизација. Бидејќи други сценарија може да доведат до други резултати во општеството како што на пример гледаме во рамки на голем број на други држави кога се прават одредени работи непринципиелно или врз основа на одредени субјективни оценки. Јас кажав и пак ќе кажам за мене ова не е борба за власт, за мене е борба за иднината на државата. Од тоа нема да отстапам. Ме радува фактот што претстедателот на ВМРО – ДПМНЕ и претставник на ВМРО – ДПМНЕ денес кажаа дека за ВМРО – ДПМНЕ не е проблем правењето на уставните измени и вметнувањето на други делови од народи во рамки на нашиот устав. Бидејќи ние не смееме да ја блокираме нашата иднинаи иднината на следните генерации. Ние нашите млади, нашите деца заслужуваме и заслужуваат да живеат во земја членка на ЕУ тука дома во Северна Македонија а не во туѓина, заклучи Ковачевски.