19.8 C
Скопје
11. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Добро е што е променет ставот на ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени

Ваков демократски дијалог треба да има на сите нивоа, не само меѓу претседателите на политичките партии туку и меѓу пратениците во собранието и меѓу претставниците на другите институции во кои се застапени и на локално ниво претставниците и на власта и на опозицијата, кажа премиерот Димитар Ковачевски по завршувањето на лидерската средба.

Тој истакна дека граѓаните заслужуваат да имаат функционални институции и заслужуваат да живеат во држава во која постои политички дијалог меѓу политичките партии кои застапуваат различни идеолошки провиненции.

-Можам да кажам дека е добро што ставот утрово искажан од страна на потпретседателот на ВМРО – ДПМНЕ пред нивното партиско седиште, практично е променет и е различен од ова што го слушнав на средбата јас, меѓутоа што можевте и вие да го слушнете на прес конференцијата, а тоа е дека ВМРО – ДПМНЕ не е против уставни измени во државата. Тоа е заеднички заклучок и клучна порака од оваа средба која што ја имавме денес и тоа е добро, бидејќи вакви одлуки јас од прв ден кажав дека се одлуки на сите партии, на целото општество. Ова не е процес на еден човек, на една партија, не е процес на една Влада туку е процес во кој треба да учествуваат сите и заедно да обезбедат подобра и попросперитетна иднина на сегашните и на идните генерации, потенцира Ковачевски.

На денешниот состанок, како што додаде премиерот, се прави исто така јасна дистинкција за тоа дали ќе ја интегрираме државата во ЕУ или ќе ја оставиме изолирана што сметам дека е добро дијалогот кој се води да продолжи и на крајот сите заедно да изградиме еден став дека за државата е најдобро да биде интегрирана во ЕУ и со тоа да ги оствари целите за унапредување на општеството во сите сегменти, во делот на владеењето на правото, социјалната правда и економскиот просперитет кој се клучни придобивки од зачленувањето во ЕУ.

-Моја лична цел и заложба на Владата која ја предводам е овој процес на евроинтеграции да биде успешен. Ги имаме страштеките цели на државата предвид меѓутоа сите може да се уверите во текот на изминатиот период дека ова е веќе стратешка цел и на нашите земји партнери како во ЕУ, НАТО така и на најголем стратешки партнер САД. Сите недвосмислено кажаа дека сега е моментот и имаме отворен прозорец за проширување на ЕУ и за влез на државите од ЗБ пред се тука се мисли на нас, на Албанија и Црна Гора во полноправно членство во ЕУ. Токму затоа и уставните измени, односно вклучување на други делови од народи во преамбулата на нашиот устав се чекор напред на овој европски пат и гласот за нив, е глас за европската иднина на државата. На таков начин, со таков глас станавме и земја членка на НАТО, нна што денес сме сите горди од што сите ги чуствуваме бенефитите. Вие знаете дека во најтешката година имаме најголемо ниво на странски директни инвестиции, имаме најголемо покачување на минималната плата, историски најголемо покачување на пензиите, на просечната плата и тоа се придобивки од држава која што е практично од корисник на мировни мисии пред 30 години денес е фактор на стабилност во регионот на ЗБ што е потврдено и преку претседавањето со ОБСЕ, членството во НАТО и со тоа што кај нас се депонирани потписите од договорите меѓуи земјите од ЗБ во рамки на Берлинскиот процес во нашето МНР, истакна премиерот.