Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

МВР со детали за експлозијата во Чаир: Го разнеле банкоматот, но не ги земале парите

Невообичаен грабеж на банкомат во Скопје.

Како што првично се дознава, утрово во 3 часот четири лица се обиделе со експлозив да ограбат банкомат во Бутел.

Крадците ја активирале експлозивната направа, но не успеале да го пробијат банкоматот. Детонацијата била силна, што ги вознемирила жителите во околните објекти, велат првичните информации.

Лицата кои го направиле обидот за грабеж не успеале да го отворат банкоматот, а со експлозијата оштетиле три возила.

Повредени нема, а полицијата врши увид.

Можеби ќе ве интересира

Граѓаните се навикнаа да се откажуваат: Прво од луксуз, потоа од нормален живот

ДЕСК

ДРАМА КАЈ ТРАНСПОРТЕН ЦЕНТАР СРЕДЕ БЕЛ ДЕН: Маж пријавил напад, едно лице имало остар предмет

ДЕСК

ТРОЈЦА ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ВО КАРПОШ: Тепале полициски службеници

ДЕСК