Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Шеќеринска: Противење на уставните измени се одигран автогол за Северна Македонија

„Северна Македонија нема право на грешка. Сите други работи можат да се одложат, да кажеме ќе ги направиме после три години, но не и Уставните измени“, рече поранешната министерка за одбрана Радмила Шеќеринска на панел дискусијата по повод 21 годишнина од ДУИ.

„Овој процес на уставни измени треба да го истераме. Сите други работи може да се одложат но не и Уставните измени. Најголем број од луѓето кои се против уставните измени не се против ЕУ. Не треба да ги убедиме дека ЕУ е важна, некои знаат повеќе и од нас. Излегле еден дел од нив гласале на референдум. На оние коишто се противат на Уставните измени од било која причина мислам дека треба да им стане јасно дека ќе си изиграме автогол, но и од друга страна дека ако сакаат процесот само да го одложат дека тоа ќе биде двоен автогол“, смета Шеќеринска.

Шеќеринска исто така порача дека во моментот кога Уставните измени ќе завршат ќе бидат отворени други теми кои ќе немаат врска со Бугарија и Република Северна Македонија, затоа според неа поддршката на Уставните измени ќе ја направат Северна Македонија спремна за следната фаза.

Можеби ќе ве интересира

ЗУЛУМ ВРЗ СЕДУМДЕСЕТГОДИШНИК: Четворица осомничени за разбојништво во Струмица

ДЕСК

Николоски:  Преку 350 милиони евра Владата инвестира во инфраструктурни проекти во општините, дополнително преку Светска банка инвестираме 25 милиони евра во изградба и рехабилитација на преку 100 километри локални улици низ општините

ДЕСК

СДСМ утре ја промовира „Скопска иницијатива“ на меѓународна конференција

ДЕСК