Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Шеќеринска: Оптимист сум за нашиот влез во ЕУ

Во моментов Европската Унија е заинтересирана да го штити европскиот континент и го гледа забрзаното проширување како безбедносен влог, истакна поранешната министерка за одбрана Радмила Шеќеринска за време на панел- дебатата „Европски фронт“ организирана по повод годишнината на ДУИ.

Шеќеринска пред присутните истакна дека кога станува збор за влезот на нашата земја во Европската унија таа одбира да биде оптимист и покрај сите искуства кои се позади нас.

„Јас после толку години избирам сѐ уште да сум оптимист, кој има многу добри и лоши искуства. Тие искуства, ме научиле дека за млади, независни држави сѐ е потешко и дека е џабе да плачеме.“- истакна Шеќеринска.

Според неа малите и млади држави мора да научат да ја читаат геополитичката карта и сами да ја изодат, велејќи дека кога големи и важни држави прават стратешки грешки тоа се грешки, но кога мали и млади држави прават стратешки грешки тоа е катастрофа.

Таа се осврна и на ситуацијата во Украина за која рече дека ќе влијае на проширувањето на Европската Унија.

„Прашање кое се поставува во јавноста е дали стварно војната во Украина ја смени толку геополитичката карта што сега има поголем апетит за проширување, одговорот е апсолутно да. Тешко е да се прогнозира колку тој апетит ќе трае, тешко е да се прогнозира во каква форма ќе биде, ама ако малку сме ги следеле проширувањата ќе видиме дека Европската Унија е родена и проширена во војна. Уште во тек на втората светска војна идејата за ЕУ е создадена.“-потенцираше Шеќеринска.
Шеќеринска истакна дека шансата треба да се искористи и дека тоа нема да го направат сите земји на Западен Балкан, заклучувајќи дека сите присутни на панел- дебатата„Европски фронт“ немаат дилеми дека Северна Македонија треба да ги направи уставните измени за да си даде шанса да го почне и заврши целиот процес на преговарање.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Пари за 600 евра минимална плата само со кратење на луксузот на власта

ДЕСК

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК