26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Невреме во Македонија – Колку дожд наврна?

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 9 часа до 17 часот (во l/m2)
12 Крива Паланка, 10 Виница, 1 Берово, Пожаране.
Забелешка: Дадените вредности за количината врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

ВРЕМЕТО ДЕНЕС
Променливо облачно со слаб до умерен ветер претежно од јужен и југоисточен правец. Во попладневните часови на места имаше развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи.

ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ
Променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на краткотрајно невреме. Во текот на ноќта ќе биде претежно стабилно со намалена облачност.

ВРЕМЕТО УТРЕ
Претпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени.
Во Скопје претпладне сончево со умерена облачност, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за краткотрајно невреме со силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 27 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Во текот на следната седмица во претпладневните часови времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне на места нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поинтензивни процеси се очекуваат во петок и во деновите од викендот.