14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
АВТО ЦЕНТАРИЗБОР

Неколку прашања кои треба да ги поставите при купување на нов или половен автомобил

Одлуката да се купи автомобил, без разлика дали ќе биде нов или половен е навистина тешка задача во однос на тоа да се избере соодветниот модел на автомобил што би ви одговарал вам и на вашиот семеен буџет. Има многу работи на кои треба да внимавате како и прашања кои треба да ги поставите за да имате целосна слика за тоа во што ќе инвестирате пари, а тоа нешто да ви се исплати. При купувањето автомобил не треба да имате сомнежи дали сте го направиле вистинскиот избор на автомобил за вас и вашето семејство, имајќи предивид дека тоа е една од поголемите инвестиции што ќе ги направите во животот и е нешто кое треба да ви послужи повеќе години. Подолу ќе се обидеме да ви објасниме околу тоа кои побитни прашања би требало да ги поставите при купувањето на нов и половен автомобил.

Прашања што би требало да ги поставите при купување на нов автомобил

Кои безбедносни системи се вклучени?

Активните безбедносни системи ги штитат возачите и патниците од несреќи со автоматско откривање на потенцијалните опасности и интервенирање пред да се случат несреќи. Некои системи, како што е автоматското итно сопирање (AEB), се вклучени како стандардна опрема на многу автомобили, но други, како што се системите за предупредување при напуштање лента, се опционални.

Купување на хибриден или електричен автомобил?

Хибридите и електричните возила се значително поскапи од автомобилите кои користат бензин или дизел гориво, но тие обично се поефикасни на долг рок, особено кога цените на горивата се високи. Дополнително предностите од употребата на електрични автомобили се големи, особени за заштита на животната средина и здравјето на луѓето. Кога одлучувате колку можете да си дозволите да потрошите за нов автомобил, може да ви помогне да знаете колкави би можеле да бидат вашите заштеди на секојдневни трошоци и трошоци за одржување.

Дали се вклучени некои основни додатоци и каква опрема содржи?

Пред да купите автомобил, важно е да знаете што, односно какви додатоци се вклучени. Ова може да ви помогне да избегнете купување на автомобил кој не е погоден за вашите потреби, што може да биде скапа грешка. Ако не сте сигурни за можностите на автомобилот што го разгледувате, најдобро е да се консултирате со професионалец.

Колку има простор за седење и складирање?

Ако барате доволно места за седење на вашите патници и складирање на товар, автомобилот со ниска линија на покривот можеби не е најдобрата опција. Покрај тоа, малиот отвор на багажникот може да го отежне товарењето на вашата опрема. Затоа е најдобро да го поставите ова прашање за да бидете сигурни дека автомобилот ќе одговара на вашите секојдневни потреби.

Прашања што би требало да ги поставите при купување на половен автомобил

Дали постои извештај за редовното сервисирање на возилото и кои avto delovi се променети?

Продавачот треба да има папка со сервисни записи и извештај за историјата на возилото. Овие извештаи може да ви дадат многу информации за возилото, вклучувајќи информации за несреќи. Не секој извештај ќе има сè, но тие можат да бидат вреден извор на информации за да се потврди она што продавачот го кажува. Во сервисната книшка би требало да бидат наведени сите автоделови кои досега биле променети кај возилото со датум на кој истите биле заменети со нови авто делови.

Која е причината поради која автомобилот се продава?

Би било добро, најпрво да го поставите ова прашање на сопственикот на автомобилот што се продава. Така, дознавајќи ги намерите на продавачот зошто го продава автомобилот ќе имате некаква слика и за самиот автомобил. Можеби причината е чисто само потреба од друг или поголем автомобил од тој што го продава, но некогаш знае да биде и поради некаков недостаток на самиот автомобил. Оваа информација секако нема да ја добието при поставување на ова прашање но подолу ќе видите како би ја добиле таа информација.

Колку километри има поминато автомобилот?

Информацијата за поминатите километри на автомобилот е многу важна затоа што тоа ќе ви даде една првична претстава за состојбата на автомобилот. Оваа информација е многу битна за понатаму да знаете што да очекувате од автомобилот. Има многу автомобили што при поминати одредени километри јавуваат доста проблеми што бараат големи поправки, но има и такви што можат да поминат илјадници километри без да имаат никаков проблем освен потреба за тековно одржување и сервис на возилото.

Дали продавачот на автомобилот е неговиот прв сопственик?

Оваа информација која треба да ја добиете од сопственикот е исто така многу битна за вас затоа што тоа ќе ви помогне понатаму во одлуката. Доколку сопственикот ви каже дека е прв „газда“ тогаш знаете дека автомобилот е купен нов од салон за продажба на автомобили. Доколку автомобилот има променети повеќе сопственици тоа можеби е индикатор дека нешто не е во ред со самиот автомобил.

Дали автомобилот бил учесник во некоја сообраќајна незгода?

Несреќите и судирите, дури и ако се поправаат од овластен механичар, сепак значително влијаат на вредноста на вашето возило. Несреќата со мала брзина која само ќе го свитка браникот не е голема работа, но судирот со голема брзина може да предизвика проблеми и да доведе до потенцијално скапи поправки. Иако извештајот за историјата на возилото треба да ја содржи оваа историја, некои продавачи може да се обидат да сокријат или да испуштат одредени незгоди. Затоа прашајте го продавачот дали автомобилот имал одредени несреќи, оштетувања, поправки на одредени auto delovi и неисправни карактеристики, како што се слаба климатизација или екрани на допир со пукнатини или исчезнати пиксели и слично.

Дали можете да го однесете автомобилот на проверка?

Ако сте сериозни во намерата за купување на автомобилот, прашајте го продавачот дали можете да го однесете кај механичар на кој вие му верувате да ја изврши проверката на автомобилот што сакате да го купите. Веродостојните продавачи не би требало да приговараат на ова барање. Посетата на механичар може да ве чини, но може да ви помогне да избегнете да купите неисправно возило кое вас ви се прикажува како изправно. Сепак, имајте на ум дека со тоа возило треба да излезете на пат и да бидете сигурни во неговата исправност, затоа, за да бидете спокојни оваа би ви била најпаметна одлука пред да одлучите да го купите автомобилот.

 

Се надеваме дека ви помогнаваме околку прашањата кои би требало да ги поставите доколку купувате автомобил, како нов, така и половен. Ова се прашањата кои ние сметавме дека се важни да ги поставите за да ви ја дадат целосната слика за автомобилот што сакате да го купите.