7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
АВТО ЦЕНТАРИЗБОР

Најдобрите освежувачи за во автомобил

Вашиот автомобил е веројатно местото каде што поминувате голем дел од времето, патувајќи за работни или приватни обврски. Повремено се јавува потребата од освежување на воздухот и мирисот во автомобилот, кој некогаш, дали заради времето, надворешните услови или пушењето цигари во автомобилот станува непријатен.

Денеска на пазарот постојат многу видови на освежувачи на воздухот наменети за во автомобил, па навистина е тешко да се избере оној кој најмногу би одговарал на вашите желби и потреби. Сигурни сме дека скоро сите сопственици на нови или polovni avtomobili се во дилема за тоа каков освежувач би бил најдобар. Дали оние што се закачуваат на ретровизорот, или оние што се ставаат во решетката за вентилација на автомобилот, а има и такви што се во спреј и што се прскаат во внатрешноста на автомобилот. Дилемата, кога сме кај освежувачите за во автомобил се однесува и на тоа дали освежувачите траат доволно долго, дали го испуштаат посакуваниот мирис, и дали е штетно да се вдишуваат такви мириси секојдневно.

Потребно е внимателно да се одберат освежувачите за автомобил и да не се користат интензивни или јаки мириси кои кај некого може да предизвикаат непијатност при вдишување. Посебно треба да внимаваме со освежувачите кога се работи за лица со алергија на мириси. Лицата што се склони кон алегии на мириси не можат да се заштитат целосно од алергените на мириси бидејќи секојдневно сме изложени на некакви алергени. Она што во овој случај можеме да го направиме, а да не предизвикаме алергиски реакции кај ваквите луге со изборот на освежувач за во автомобилот, е тоа да избереме освежувач читајќи ја декларацијата на производот на која се наведени мирисите и нивното потекло, како и предупредувањата што би требало да ги содржат ваквите декларации.

Во продолжение ќе ви дадеме некои предлози за освежувачи за во автомобил со цел полесно да го изберете она што вам би ви одговарало.

 

Dr. Marcus Cosmic Dog – освежувач во форма на куче

Овој освежувач е на пример во уникатна форма на куче кое може да се закачи на ретровизорот, вентилацијата или кое било друго место во вашето возило оставајќи долг и свеж мирис. Изработен e со Neutra Fresh технологија која ги апсорбира непријатните мириси и не ги прикрива. По неговото искористување слободно можете да го искористите како привезок за клучеви.

Cesare box – освежувач за автомобил

Овој освежувач за во автомобил има интересен и практичен дизајн. Изработен е од нетоксичен термопластичен полимер обоен со нетоксични EVA пигменти. Содржи есенцијални масла и молекули кои не ја прикриваат непријатната миризба. Можете да го закачете на местото на решетката за вентилација, а мирисот се активира при проток на воздух од вентилацијата. Достапен е во повеќе бои и мириси.

SENSO DELUXE освежувач

Овој вид на освежувач доаѓа во мала кутија која лесно може да ја вметнете во држачот за чаши. Предноста на овој освежувач е тоа што овој освежувач трае и до 75 дена.

На пазарот достапни се и освежувачи за koli што се во форма на спрејови. Ваквите освежувачи често се користат за неутрализирање на мирисот од цигари. Еден од таквите освежувачи на пример кај нас е и TURTLE WAX освежувач и неутрализатор на мириси. Овој освежувач се користи така што треба да се постави на местото предвидено за чаша во автомобилот. Треба да се притисне копчето за автоматско испуштање на спрејот, притоа автомобилот треба да е затворен и да нема никој во него, па да се остави да делува 15 минути. На крај потребно ќе биде да го отворите автомобилот и да го проветрите. Вака во автомобилот ќе се неутрализираат непријатните мириси од цигари што веруваме дека на секој еден од нас му сметаат.

 

Hippy – освежувач

Поради својот цветен дизајн, Хипи е освежувач за автомобили особено наменет за понежниот пол. Неговиот дизајн внесува свежина и радост во секој автомобил. Сите достапни мириси од овој освежувач се дискретни и нежни, а траат и до 30 дена.

На пазарот постојат огромен број на освежувачи што можете да ги користите на разни начини, се со цел да си обезбедите убав, пријатен и свеж мирис при влегувањето во нови или polovni koli, како и во неговото секојдневно користење. Дополнително доколку вршите продажба на автомобили kupi prodaj avtomobili препорачливо е автомобилот да мириса убаво со цел да го привлечи вниманието на потенцијалнот купувач. За тоа каков мирис ќе одберете оставаме на вас и на вашиот вкус, се надеваме дека со нашите предлози помогнавме да се одлучите за некои вакви или слични освежувачи за во вашиот автомобил.

Спонзорирано: