Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

168 казни за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 168 возачи.

Од нив, девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две со дури над 70 километри на час над дозволеното. Притоа, 94 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 74 надвор од населено место.

МВР со најава дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Можеби ќе ве интересира

Цела недела променливо облачно време, за викендот невреме

C +

Уапсени 34 возачи, изминатите два дена 1.026 сообраќајни прекршоци

C +

Македонија шеста најсиромашна земја во Европа – Мицкоски раскажува бајки, вели СДСМ

ДЕСК