15.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНОИЗБОР

СДСМ Аеродром: Ќе се спротивставиме на ДУП-от за Лисиче, профитот не смее да биде пред граѓаните

Фејсбук статус на СДСМ:

Со нашите сограѓани од Лисиче разговаравме за спорниот Детален урбанистички план кој предвидува 9 висококатници на влезот од населбата.
👉 Иако ветуваа хумана урбанизација, повеќе зеленило и бришење на градежни маркици, Тимчо Муцунски и ВМРО-ДПМНЕ на јавна анкета изложија предлог-ДУП кој значително ќе го намали квалитетот на живот во Лисиче. Намален проток на воздух, густ сообраќај, хаос од паркирани возила, чести проблеми со водоводната и канализационата мрежа се само дел од предизвиците кои им се закануваат на Лисичани, доколку овој ДУП се изгласа на Совет.
❗Советничките група на СДСМ и коалицијата остро ќе се спротивстави на усвојувањето на овој ДУП во Советот на Општина Аеродром, а прашањето ќе го отвори и преку советниците во Град Скопје.
‼️Профитот на поединци не смее да биде пред интересот на граѓаните. Само со здружени сили можеме да се спротивставиме на изгласувањето на овој исклучително штетен ДУП и да го спасиме Лисиче од бетонизацијата која му се заканува.

Спонзорирано: