15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Марфи за Ковачевски: Триумфална посета на САД

„Вашата посета во Вашингтон беше од голема важност, беше триумфална, ги потврдивме цврстите билатерални односи меѓу САД и Северна Македонија. Навистина со нетрпение очекував да дојдам тука и да дознаам како може да го зацврстиме ова партнерство уште повеќе, но и да ве поттикнам вас и Собранието на вашиот пат кон ЕУ“ рече американскиот сенатор Крис Марфи по средбата со премиерот Димитар Ковачевски.

Тој додаде дека членството во НАТО е гаранција за безбедноста на земјава и од САД и од сите членки на Алијансата.

„САД и Северна Македонија се безбедносни партнери веќе долго време. Многу често еден од првите повици кога ни требало помош глобално или во овој регион е повикот што го упатуваме кон нашите пријатели тука. Нашата Алијанса е цврста, за тоа сведочи нашата обединетост во врска со бруталната инвазија врз Украина и се осигуравме дека Русија ќе плати за своето нарушување на мирот“ рече сенаторот Марфи.

Тој додаде дека САД и Северна Македонија имаат и цврсто економско партнерство, бидејќи се повеќе американски компании работат тука споредено со минатото.

„Нашата безбедност не доаѓа само преку војската туку и преку економијата, иднината на овој свет ќе биде во тоа кој ќе произведува клучни и критични технологии. Ние сакаме да се осигураме дека тоа ќе бидат САД и нашите партнери тука во Европа. Затоа и ја споменавме и инвестициајта за компјутерските чипови, тоа е навистина убаво да се слушне, затоа што така ние сме побезбедни“ рече Марфи.

Спонзорирано: