Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+Македонија

ВМРО-ДПМНЕ повторно ги стави партиските над државните интереси со паралелната прослава на Кирил и Методиј

Повиците за национално единство и ставање на националните пред партиските и личните интереси од страна на ВМРО-ДПМНЕ останаа само „празно слово на хартија“, по организацијата на паралелна, партиска прослава на Свети Кирил и Методиј.

Иако имаа официјална покана, Мицкоски и претставниците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, вчера ја бојкотираа националната прослава на Кирил и Методиј на Плаошник, местото каде што е основан и дејствувал првиот словенски универзитет, Охридската книжевна школа, чијшто основач е еден од учениците на Светите Браќа Кирил и Методиј, Свети Климент Охридски.

Наместо тоа, ВМРО-ДПМНЕ организираше партиска прослава, продолжувајќи да создава раздор во македонското општество и активно работејќи против единството на народот. Повиците за национално единство и зачувување на државноста очигледно се само политички маркетинг на опозицијата, бидејќи секогаш кога треба тоа единство да го покажат на дело, тие бегаат.

На централниот настан во Охрид, иако немаше претставници од ВМРО-ДПМНЕ, присуствуваа претставници од владиниот и државниот врв, од дипломатскиот кор, претставници од областа на политиката, образованието, науката, културата, како и од други општествени сфери.

Оваа не е прво вакво однесување на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, кои во годините откако не се на власт ги избегнуваат сите државни прослави. Наместо на централните прослави за одбележување на Илинден, и организираат свои паралелни, партиски настани, каков што е примерот со Илинден, но и за чествувањето на најголемите македонски дејци како Гоце Делчев.

Можеби ќе ве интересира…

Ковачевски-Шолц: Германија ја повтори силната поддршка за интеграцијата во ЕУ

На Самитот на Европската политичка заедница во Молдавија, премиерот Димитар Ковачевски се сретна со германскиот канцелар Олаф Шолц, кој ја повторил силната поддршка на Германија за интеграцијата на Северна Македонија… Прочитај повеќе

Судскиот Совет ќе расправа по индиции за судир на интереси во работата на Весна Дамева

Зоран БОЈАРОВСКИ Весна Дамева, член на Судскиот Совет и претседателка на ова тело од декември минатата година до 26 април годинава, кога беше разрешена од оваа должност, учествувала во постапки… Прочитај повеќе

Преку одржливо и органско производство на грозје и вино до зајакната позиција на македонската винска индустрија

Зајакнување на позициите на пазарите, градење препознатлив бренд со географска индикација и успешна трансформација кон органско производство се основите за успех на македонската винска индустрија. Ова се современите трендови во… Повеќе

Проверете дали ве има: УЈП ја објави најновата листа на должници со имиња на фирми и луѓе

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.05/2023 за долгови доспеани до 31.01.2023 и неплатени до 30.04.2023 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход,… Повеќе