6.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Професорката Јакимовска-Тошиќ: Кирил и Методиј се дел од свеста на нашиот народ уште од 9 век

„Традицијата за празнување заеднички спомен на учителите Кирил и Методиј на македонски терен се согледува од 9 век па се до современоста низ најразлични облици“ изјави професорката од Институтот за македонска литература при УКИМ, Маја Јакимовска-Тошиќ на прославата за 24 Мај – Денот на светите браќа Кирил и Методиј.

Таа додаде дека ваквото чествување на Кирил и Методиј го започнува св. Климент кој со своите восхвални ораторски и химнографски состави посветени на нив пројавува личен однос во величањето на нивниот подвиг, со намера да го воведе во културно празнување.

„Кирил и методиј се присутни во свеста на нашиот народ и интимно се сврзани со нашиот секојдневен живот и судбина. Со нивната дејност се докажа дека Словените се вклучија во културниот свет како активен субјект, а не како аморфна маса без свој културен лик“ рече професорката Јакимовска-Тошиќ.

Професорката рече дека денес богатството и разноликоста на македонската литература создавана во долг временски континуум, не се перцепира само низ облици на современото творештво, туку и од аспект на влијанието од историјата, од традицијата, од интеракциите меѓу процесите и промените со другите литератури и култури.

Спонзорирано: