Centar.mk
БИЗНИСвест

Министерот Бесими на состанокот на Конституенцата на ММФ и СБ во Црна Гора

Министерот за финансии, Фатмир Бесими, денеска и утре ќе учествува на Состанокот на Конституенцата на ММФ и Групацијата на Светска банка што се одржува во приморскиот град Тиват, Црна Гора.

Во рамки на состанокот, министерот Бесими ќе учествува на панел дискусијата на тема „Стремеж за економска стабилност/Фискална консолидација и затегнување на монетарната политика – кој е оптималниот микс на политики? На темата ќе дебатираат гувернерите на централните банки на Молдавија, Ерменија и Романија, а свои обраќања ќе имаат и Клас Кнот претседател на Банката на Холандија и Алфред Камер директор на одделот за Европа во ММФ.

Министерот Бесими во Тиват на маргините на состанокот на Конституенцата ќе оствари билатерални средби со заменик-претседателот на Светска банка Антонела Басани и Алфонсо Гарсиа Мора, регионален заменик-претседател во ИФЦ, како и со директорот на одделот за Европа во ММФ Алфред Камер.

На Состанокот на Конституенцата во Тиват ќе учествуваат високи претставници на ММФ и Групацијата на СБ, како и гувернери на централни банки, меѓу кои и гувернерката Анита Ангеловска Бежоска, и министри за финансии на земјите членки.

РС Македонија како земја членка на Светската банка е дел од Холандската конституенца, а минисерот за финансии ја претставува земјава во Одборот на гувернери на Светска банка.

Можеби ќе ве интересира

За креатори, од креатори: Самсунг (Samsung) професионален APV кодек поддржан на Galaxy S26 Ultra

ДЕСК

Извозот на ИКТ услуги од Македонија надмина 676 милиони евра во 2025 година

ДЕСК

ОКТА започнува иницијатива за поддршка на потрошувачите, по дополнителните количини гориво набавени преку продуктоводот ВАРДАКС

C +