Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Двајца малолетници повредени во сообраќајка меѓу патничко возило и мотоцикл во Неготино

Двајца малолетници повредени во сообраќајка меѓу патничко возило и мотоцикл во Неготино, соопшти полицијата.

Имено, денеска во раните утрински часови, поточно во 00.05 часот било пријавено дека во Неготино на ул.“Индустриска“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило “пасат“ со неготински регистарски ознаки, управувано од Р.Д.(39) од Неготино, и мотоцикл “априлиа“ со неготински регистарски ознаки, управуван од малолетник од Неготино.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а со телесни повреди се здобил малолетен сопатник од мотоциклот, констатирани во ЈЗУ Здравствен дом Неготино.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Неготино.

Можеби ќе ве интересира

РАСПРАВИЈА ЗА ПАРКИНГ ПРЕРАСНАЛА ВО НАСИЛСТВО, Тешко повредени три лица и тоа нападнатиот маж, турната и сопруга која држела детето кое е исто повредено

ДЕСК

СО ЗАКАНА СО ОСТАР ПРЕДМЕТ Ѝ ОДЗЕЛ ПАРИЧНИК НА ЖЕНА – Приведен 40-годишник во Тетово

ДЕСК

СО ОСТАР ПРЕДМЕТ МУ СЕ ЗАКАНУВАЛ НА 14-ГОДИШНО ДЕТЕ И МУ ЗЕЛ ПАРИ – Вознемирувачки случај ја потресе Македонија

ДЕСК