Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Спасовски со честитка до влашката заедница

Фејсбук статус на Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи:

Почитувани припадници на влашката заедница,
Во свое и во име на МВР ви го честитам честит 23 Мај – Националниот ден на Власите, со желби за добро здравје и просперитет.

Денеска оддаваме признание на влашкиот народ за вековниот стремеж за зачувување и промовирање на својот сопствен јазик, култура и традиција, вткаени во нашето Едно општество за сите, дотолку повеќе збогатувајќи го мозаикот на различности на Република Северна Македонија.

Придонесот на влашката заедница во Македонија е од исклучително значење токму во најважните поглавја од нашата богата историја, како во заедничките историски борби за слобода, правда, независност и државност, така и денес во насока на унапредување на севкупниот општествен живот на земјата.

Мноштво истакнати личности Власи биле активно вклучени во политиката, уметноста, науката, културата, образованието и медицината. Притоа, секогаш споделувајќи ги вредностите на заедништвото, солидарноста и меѓусебната почит, како и прогресивните и иновативни идеи за подобар животен стандард на секој еден.

Така продолжуваме и во иднина, сплотени во различностите, но со иста цел – европеизација на општеството.
За многу години нека е 23 Мај, Националниот ден на Власите!

Можеби ќе ве интересира

Напишал статус со говор на омраза на социјална мрежа, полицијата му затропа на врата

ДЕСК

Власта ја елиминираше Ристовска за да стави обвинител под контрола на Мицкоски, вели Кузеска

ДЕСК

Андоновски: Ќе потпишеме договор за прифаќање на електронските потписи меѓу Македонија и Црна Гора

ДЕСК