Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Работна посета на претседателот Стево Пендаровски на Кралството Белгија

Претседателот Стево Пендаровски во рамки на работната посета на Кралството Белгија денеска ќе има аудиенција кај Кралот Филип и ќе оствари средби со премиерот на Кралството Белгија, Александер Де Кро, претседателката на Домот на претставниците на белгискиот Парламент, Елијан Тилие и со претседателката на Сенатот на белгискиот Парламент, Стефани Д’Ос.

Во рамки на работната посета на Белгија, вчера претседателот Пендаровски се обрати пред претставници на белгиски компании, пред кои беа презентирани економските потенцијали и инвестициските можности во Северна Македонија, во соработка со Стопанска комора Антверпен Васланд (VOKA).

Денеска во Брисел, претседателот Пендаровски ќе присуствува и ќе се обрати на настан за презентација на инвестициските можности во Северна Македонија, во организација на Агенцијата за извоз и странски инвестиции на Валонија (AWEX), Агенцијата за инвестиции и трговија на Фландрија (FIT) и Бриселската агенција за поддршка на бизнисот, ХАБ Брисел.

Можеби ќе ве интересира

ПРВО УКРАЛ ТРОТИНЕТ, ПА САМИОТ ПОВИКАЛ ПОЛИЦИЈА – 18-годишник пријавил дека бил нападнат по кражбата

ДЕСК

ИНЦИДЕНТ ВО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ ВО АЕРОДРОМ – Малолетник нападнат со тврд предмет од соученик, мајката пријавила во полиција

ДЕСК

НАПАД КОН ПОЗНАТ БИЗНИСМЕН И ЗАКАНИ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД ВО СКОПЈЕ – 61-годишен маж нападнал друг маж и ѝ се заканувал на неговата адвокатка

ДЕСК