Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Претреси во Велес, пронајдени фалсификувани банкноти, приведени две лица кои ги изработувале

На 22.05.2023, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода В.М.(21) и Д.Р.(20), двајцата од Велес. На пазарот во Велес тие се обиделе да купат производи со фалсификувана банкнота од 1.000 денари, но продавачот го забележал тоа и пријавил во полиција.

Тие побегнале од местото, но по преземени мерки биле пронајдени и лишени од слобода. Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во нивните домови, при што во домот на Д.Р. биле пронајдени и одземени две фалсификувани банкноти од по 1.000 денари, скенер, принтер и компјутер на кој ги изработувале, додека во домот на В.М. биле пронајдени и одземени две фалсификувани банкноти од по 100 денари и една фалсификувана банкнота од 500 денари.

Во службен разговор во полициска станица тие го признале делото. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО КУМАНОВСКО – Кај 42-годишен маж пронајдена прашкаста материја

ДЕСК

ТРОЈЦА ПРИВЕДЕНИ ВО БЕРОВО – Меѓу нив и 17-годишен малолетник, пронајдена марихуана

ДЕСК

НАПАДНАТ ПОЛИЦАЕЦ НА МАГИСТРАЛНИОТ ПАТ А2 – Кривична пријава за 49-годишен маж од тетовско

ДЕСК