Centar.mk
ЛОКАЛНО

Герасимовски: Целосно е обновено детското игралиште кај Градски ѕид Блок 3

Општина Центар целосно го реконструираше детското игралиште во Градски ѕид Блок 3. Игралиштето доби обновени клацкалки, лизгалки, лулашки, покривни и подни површини како и замена на останатите оштетени реквизити. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски најави реконструкција на повеќе детски и спортски игралишта во општината.

„Најсилната детска смеа доаѓа од детските игралишта затоа овој период сме посветени на нивна реконструкција низ повеќе населби во општината. Покрај санирањето и замената на оштетените и искршени реквизити општинските служи вршат и чистење и префарбување на игралиштата со цел детската игра да биде уште повесела“, вели Герасимовски.

Општина Центар претходно целосно го реконструираше детското игралиште во Градски ѕид Блок 2, а наскоро ќе ги реконструира спортското и детско игралиште во Капиштец. Општина Центар ќе продолжи да вложува во детската игра и правилниот психофизички развој на децата.

Можеби ќе ве интересира

Посебен режим на сообраќај во Скопје

ДЕСК

Известување за воведување на нов сообраќаен режим на новите семафори на крстосниците со булеварот “Македонија”

ДЕСК

ГРАДОТ СКОПЈЕ ЌЕ ПРСКА ПРОТИВ КОМАРЦИ: Авионска дезинсекција на 1 и 2 јуни

ДЕСК