Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

ШЕСТ ЛИЦА УАПСЕНИ ВО СКОПЈЕ – Полицијата пронашла бела прашкаста материја, кафеави грутки и марихуана

Во текот на 10 и 11 ноември 2026 година, полициски службеници од СВР Скопје на различни локации во главниот град лишиле од слобода шест лица, кај кои биле пронајдени и одземени различни материи.

Меѓу приведените се четворица жители на Скопје на возраст од 33, 33, 35 и 18 години, како и 23-годишен жител на скопското село Огњанци и 37-годишен жител на Свети Николе.

Според полицискиот билтен, при преземените мерки кај лицата биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, кафеава грутчеста материја, грутчеста материја и марихуана.

По целосното документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.

Можеби ќе ве интересира

НАПАДНАТ ПОЛИЦАЕЦ НА МАГИСТРАЛНИОТ ПАТ А2 – Кривична пријава за 49-годишен маж од тетовско

ДЕСК

ВРЕМЕТО СЕ МЕНУВА ПРЕД ВИКЕНДОТ – УХМР најави ветер, дожд и пониски температури

ДЕСК

НЕМА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА СТУДЕНТСКИОТ ОБРОК НА 200 ДЕНАРИ – Амандманот не доби поддршка

ДЕСК