Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+Македонија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го доведе Скопје до хаос и банкрот, Советот има обврска да расправа

Соопштение на СДСМ:

Невиден хаос му се случува на Град Скопје и единствени виновници за тоа се градоначалничката Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ, партијата што има мнозинство во Советот и во управните одбори на градските јавни претпријатија.

Поради нивната неспособност, неодговорност и расипништво, Град Скопје е со блокирана сметка и се наоѓа пред банкрот.

Над 100 милиони евра се потрошени, не е реализиран ниту еден капитален проект, а буџетската сметка на Градот е празна.

ВМРО-ДПМНЕ упорно го игнорира овој проблем и не закажува вонредна седница на Советот на Град Скопје.

На градот му се заканува банкрот и Советот има обврска да расправа за лошата финансиска состојба.

Сите предуслови за вонредна седница се исполнети и ВМРО-ДПМНЕ и нивниот претседател на Советот, мора да закажат седница.

Скопје и скопјани не заслужуваат ваква неодговорна градска власт.

Можеби ќе ве интересира…

Ковачевски-Шолц: Германија ја повтори силната поддршка за интеграцијата во ЕУ

На Самитот на Европската политичка заедница во Молдавија, премиерот Димитар Ковачевски се сретна со германскиот канцелар Олаф Шолц, кој ја повторил силната поддршка на Германија за интеграцијата на Северна Македонија… Прочитај повеќе

Судскиот Совет ќе расправа по индиции за судир на интереси во работата на Весна Дамева

Зоран БОЈАРОВСКИ Весна Дамева, член на Судскиот Совет и претседателка на ова тело од декември минатата година до 26 април годинава, кога беше разрешена од оваа должност, учествувала во постапки… Прочитај повеќе

Внимавајте: Зa една година измамени 43 граѓани со брзи кредити

Десетици измамени граѓани се соочиле да плаќаат рати од туѓи подигнати брзи кредити. Само во 2022 година евидентирани се 43 случаи на измами со брзи кредити, велат од МВР за… Повеќе

Неограничени разговори и повеќе интернет со новата промотивна понуда од МТЕЛ

Уживајте опуштено во долги телефонски разговори или во повеќе интернет со новата промотивна понуда на дополнителни припејд тарифи од МТЕЛ. Изберете помеѓу xtraTALK M со вклучени неограничени минути и СМС… Повеќе