Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да каже дали ќе се приклучи во проевропскиот блок или останува со Левица

Соопштение на СДСМ:

Во македонското Собрание време е за глас за Европа, за продолжување на европскиот пат на држвата.

Сите 120 пратеници имаат одговорност да се вклучат во процесот на реформите важни за европската иднина, на нашата држава и нашите граѓани.

ВМРО-ДПМНЕ мора да одлучи дали ќе остане под заложништво на Левица во антиевропскиот блок или конечно ќе го стави државниот интерес на прво место и ќе се приклучи на проевропскиот блок.

Блокадата на европскиот пат е блокада на подобар, европски животен стандард, повисоки плати, поголем економски раст, повеќе инвестиции, подобро образование, блокада за шансите за младите и европските вредности.

Опозицијата има одговорност, пред граѓаните и иднината на државата.

Потребно е да се искористи историската шанса што ја имаме, како и силната поддршка од САД, во услови кога се спроведуваат реформите и кога течат преговорите преку скрининг процесот.

Иднината на нашата држава е во Европската Унија, а полноправното членство е децеинска, стратешка определба.

Можеби ќе ве интересира

ОБЈАВЕНИ НЕРАБОТНИТЕ ДЕНОВИ ЗА 2027 ГОДИНА – Пет продолжени викенди, два празника паѓаат во сабота, еве го целосниот список

ДЕСК

УЖАС: СЕМЕЈНА ДРАМА ВО СКОПЈЕ – 22-годишна жена пријавила дека сопругот ја нападнал и им ја зел малолетната ќерка

ДЕСК

ПРИЈАВЕНИ ФИЗИЧКИ НАПАДИ ВО СКОПЈЕ – Нападнат 61-годишен маж, во друг случај две малолетни деца

ДЕСК