Centar.mk
фото Centar.mk
БИЗНИСвест

Рекорд: Просечната плата скокна на речиси 35.000 денари

Според најновите податоци објавени денес од Државниот завод за статистика, просечната исплатена нето плата по вработен во март оваа година изнесува 34.925 денари. Ова представува зголемување од 12,4 проценти во споредба со просечната плата во ист месец минатата година.

Ова значително зголемување се објаснува претежно со зголемувањето на просечната месечна исплатена нето плата по вработен во некои сектори. Најголемиот раст бил забележан во секторите на Градежништвото (19,8 проценти), Образованието (15 проценти) и Објектите за сместување и сервисни дејности со храна (14,9 проценти).

Исто така, беше забележано зголемување на просечната месечна исплатена нето плата по вработен во секторите на Рударството и вадењето на камен (14,6 проценти), Преработувачката индустрија (6,4 проценти) и Уметноста, забавата и рекреацијата (5,4 проценти), во споредба со претходниот месец.

Според Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена бруто плата по вработен во март оваа година изнесува 52.318 денари. Овие податоци откриваат позитивен тренд во зголемувањето на платите во земјава, што може има значаен влијание во подобрувањето на животните услови на вработените.

Можеби ќе ве интересира

ТИТАН Усје работи како одговорна компанија во земјата повеќе од седум децении

ДЕСК

GLOBAL DIGITAL CITY 2026 ЗАВРШИ СО ДВОДНЕВЕН НАСТАН ПОСВЕТЕН НА BPO, ИКТ, ВРАБОТУВАЊЕ НА МЛАДИ И РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ

ДЕСК

ОКТА АД – Скопје со силни резултати во 2025 година во пазарна средина исполнета со предизвици

ДЕСК