Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија

(ВИДЕО) Детали за големата регионална иницијатива за трансформација на економијата во Западен Балкан

Големата регионална иницијатива, Недела на циркуларна економија на Западен Балкан, започна денеска, 22 мај, со активности низ целиот регион под мотото „Партнерство за циркуларност“. Иницијативата ја спроведува регионалната мрежа ЛогЕкс, мрежа од повеќе од десет значајни граѓански организации, експерти и бизниси низ целиот регион. Мрежата ЛогЕкс е формирана по иницијатива на угледната тинк-тенк организација Балкан Форум од Косово, со поддршка од Rockefeller Brothers Fund од САД.

ЦИВИЛ одржа онлајн презентација во својот прес центар, на која ги презентира деталите за активностите што се организираат во Северна Македонија, како и низ целиот регион.

Како што информираа од ЦИВИЛ, утре, 23 мај, во хотел Сити Парк, со почеток во 10 часот, се одржува регионалната конференција „Визии за зелена иднина: Партнерство за циркуларност“ со учество на високи претставнички и претставници на македонската влада, експертската заедница од регионот и бизнис секторот. Настанот е дел од регионалната програма на иницијативата за цел Западен Балкан.

Активностите на ЦИВИЛ за време на регионалната иницијатива не престануваат тука. Во текот на наредните денови, на медиумската платформа на организацијата ќе бидат објавени повеќе документарни прилози за позитивни примери за примена на принципите на циркуларната економија во бизнис секторот во нашата земја.

Излагањата на учесничките и учесниците на конференцијата, како и посебни авторски прилози напишани специјално за ЦИВИЛ, ќе бидат објавени во публикацијата „Визии за зелена иднина“ на македонски, албански, англиски и босанско-хрватско-српски.

На крајот од неделата на регионални активности, ЦИВИЛ ќе подготви документ со препораки што ќе бидат доставени до релевантни институции на локално и централно ниво, како и до низа други засегнати страни.

На презентацијата на ЦИВИЛ беше соопштена и агендата на утрешната конференција. Во првата сесија „ Трансформација на економијата на локално и национално ниво: Стратегии, предизвици и перспективи на циркуларната економија“ учествуваат вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи и Министерка за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова.

Во втората сесија „Неделата на циркуларна економија на Западен Балкан – Регионални искуства“ ќе учествуваат Астрит Истрефи, извршен директор на Балкан Форум, Косово, Селена Агатоновиќ од Иницијативата за правата на младите, Србија, Самир Бехариќ од БиХ и Газменд Берлајоли од Косово.

Во третата сесија „Иновациите во бизнис секторот и циркуларната економија: Позитивни примери за иднината“ ќе говорат претставниците од бизнис секторот и тоа: Филип Ивановски, Пакомак, Аријан Тоска, МДЦ-Трговија и инвестиции и Живко Серафимовски, Нутривет.

Во четвртата, завршна сесија, ќе говорат потпретседателката на Сојуз на стопански комори, Габриела Кулибанова на тема „Проценка на капацитетите за развој на циркуларната економија во Северна Македонија и регионот на Западен Балкан“, главната уредничка на Градска.мк, Соња Танеска на тема „Медиумите и циркуларната економија“ и претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала на тема „ Влијанието на руската агресија против Украина врз економските трендови и можностите за развој на циркуларната економија“.

Модераторка на сите четири сесии на Конференцијата е Биљана Јордановска, координаторка во ЦИВИЛ и одговорна уредничка на Green CIVIL. На крајот од секоја сесија има можност за две прашања или коментари до две минути.

Неделата на циркуларната економија е уникатна регионална иницијатива, преку која мрежата ЛогЕкс (LogEx), придонесува кон трансформацијата на Западен Балкан кон одржлив развој, преку промовирање и спроведување на циркуларна економија.

ЦИВИЛ

Можеби ќе ве интересира…

Во целосен прекин патниот правец Охрид – Свети Наум

Од 19:15 часот регионалниот пат Охрид-Свети Наум, кај с.Љубаништа, поради одрон на патот, сообраќајот е во целосен прекин. Прочитај повеќе

Српските медиуми – Полн резервоар за 60 евра само во Македонија: Еве каде е најевтиното гориво во регионот

За оние кои летово планираат да возат до најблиските плажи во соседството, најважно е колку ќе чини да се наполни полн резервоар со гас, пишува Б92. Најевтино ќе биде ако… Прочитај повеќе

Проверете дали ве има: УЈП ја објави најновата листа на должници со имиња на фирми и луѓе

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.05/2023 за долгови доспеани до 31.01.2023 и неплатени до 30.04.2023 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход,… Повеќе

Внимавајте: Зa една година измамени 43 граѓани со брзи кредити

Десетици измамени граѓани се соочиле да плаќаат рати од туѓи подигнати брзи кредити. Само во 2022 година евидентирани се 43 случаи на измами со брзи кредити, велат од МВР за… Повеќе