Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Османи-Вархеји: Македонија останува посветена на реформската агенда, но и ЕУ да остане одлучна за забрзана интеграција на земјите од регионот

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамките на работната посета на Брисел, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархеји.

На средбата беше дискутирано за нашето ЕУ досие, нивото на подготвеност на нашата администрација за успешен скрининг процес и уставните измени како наша преземена обврска со цел забрзана интеграција во ЕУ.

„Северна Македонија останува силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, во реализација на најголемата надворешно – политичка стратешка цел до 2030 година, но и ЕУ да остане посветена и одлучна за забрзана интеграција на земјите од регионот, со цел опипливи економско-социјални придобивки за нашите граѓани”, истакна Османи, додавајќи дека политиката на проширувањето е геостратешка инвестиција во мир, стабилност, безбедност и економска благосостојба на целиот европски континент.

Министерот Османи се осврна и на неопходноста од успешна социо-економска транзиција и поттикнување на интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ уште пред членството.

Можеби ќе ве интересира

„Над 50% од ваучерите за инвертер клими се веќе подигнати“, информира Министерството за енергетика

C +

Полицијата му упадна дома – претреси и апсење во Скопје

ДЕСК

Патниот правец Охрид – Ресен преку Галичица е затворен за сообраќај, каква е состојбата на патиштата низ Македонија

ДЕСК