Centar.mk
АВТО ЦЕНТАРБИЗНИС

Кина ја престигна Јапонија, стана најголемиот светски извозник на автомобили

Кина ја престигна Јапонија и стана најголем светски извозник на автомобили во првиот квартал од оваа година, најмногу благодарение на зголемената побарувачка за електрични автомобили, но и на растот на испораките на кинески автомобили во Русија. Кинескиот извоз на автомобили во периодот од јануари до март се зголеми за 58 отсто во споредба со истиот период минатата година и достигна 1,07 милиони возила, соопшти кинеската асоцијација на производители на автомобили.

Јапонија во истиот период извезла 950.000 автомобили, што е раст од шест отсто во однос на првиот квартал од 2022 година, објави Јапонската асоцијација на производители на автомобили.

Кинескиот извоз на автомобили продолжува да расте во вториот квартал. Индустријата за патнички возила очекува вкупниот раст годинава да биде 30 проценти, на четири милиони единици. Во 2009 година, Кина ги престигна САД и стана најголемиот пазар во светот за продажба на нови автомобили.

Можеби ќе ве интересира

МФ: Одземена дозвола за работа на финансиско друштво, продолжуваат засилените контроли

ДЕСК

Дали машините ќе одлучуваат наместо луѓето? Вештачката интелигенција отвора големи прашања

ДЕСК

Стан во Скопје станува невозможна мисија: Младите сè подалеку од свој дом

ДЕСК