Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија

СДСМ: Се прават последни анализи за враќање на дневната евтина тарифа на струјата

Последните анализи за враќање на евтината дневна тарифа на електричната енергија се во тек, граѓаните може да очекуваат наскоро цената на струјата во одреден период од денот да биде значително пониска.

Враќањето на евтината дневна тарифа се должи на успешното менаџирање на последиците од светската енергетска криза, од страна на Владата и институциите предводени од СДСМ, кои обезбедија непречено снабдување со електрична енергија и ги заштитија граѓаните од ценовни шокови.

Со вклучување на сите капацитети домашното производство на електрична енергија се зголеми за 40 проценти, со што значително се намали увозот на струја, се вели во соопштението од СДСМ.

Од почетокот на 2022 до крајот на март 2023 година произведени се некаде над 2,7 милиони мегават часови домашна електрична енергија, а уделот на увозот се намали од над 30 отсто на околу 11-12 проценти. Истовремено за само 15 месеци се инсталирани 192 мегавати „зелена енергија“, велат од партијата.

Пропаднаа сите лажни сценарија на ВМРО-ДПМНЕ со кои го плашеа народот дека ќе има рестрикции, дека цената на електричната енергија драматично ќе порасне, дека енергетскиот сектор ќе пропадне. СДСМ работи во интерес на граѓаните, како одговорна партија продолжува со мерките и политиките што го зајакнуваат енергетскиот капацитет, ја зголемуваат енергетската независност на државата и обезбедуваат пониски трошоци за електрична енергија, соопшти СДСМ денеска.

Можеби ќе ве интересира…

Ковачевски-Шолц: Германија ја повтори силната поддршка за интеграцијата во ЕУ

На Самитот на Европската политичка заедница во Молдавија, премиерот Димитар Ковачевски се сретна со германскиот канцелар Олаф Шолц, кој ја повторил силната поддршка на Германија за интеграцијата на Северна Македонија… Прочитај повеќе

Судскиот Совет ќе расправа по индиции за судир на интереси во работата на Весна Дамева

Зоран БОЈАРОВСКИ Весна Дамева, член на Судскиот Совет и претседателка на ова тело од декември минатата година до 26 април годинава, кога беше разрешена од оваа должност, учествувала во постапки… Прочитај повеќе

Се стега обрачот околу скапите брзи кредити: Со нов закон нема да смеат да се наплаќаат астрономски камати и провизии

Во тек е процесот за носење на законските измени со кои максималната камата нема да смее да го надминува. Тоа значи доколку некој граѓанин зел 10.000 денари, максимум за камати… Повеќе

Цените на становите се очекува да одат надолу, забележан е значителен пад на цените на градежните материјали

Ќе одат надолу цените на квадратен метар станбена површина во главниот град и внатрешноста на Македонија велат познавачите. Цените кои беа напумпани на становите во Скопје и внатрешноста се очекува… Повеќе