Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Нема промени во ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски е против евтина тарифа на струјата

Соопштение на СДСМ:
Единствените резултати на ВМРО-ДПМНЕ и тогашниот советник и директор на ЕСМ, Христијан Мицкоски се укинување на евтината тарифа и стопроцентно поскапување на струјата.

Затоа и не чуди што денес Мицкоски е против повторно воведување на евтината тарифа на струјата за домаќинствата.

Тоа е истиот Мицкоски кои пред неколку месеци ги плашеше граѓаните дека ќе има драстични поскапувања на струјата, кој најавуваше рестрикции, денес не само што не се случи тоа, туку се најавува и намалување на сметките за електрична енергија преку воведување на евтина дневна тарифа.

Сето тоа е благодарение на успешните енергетски политики на СДСМ кои доведоа до рекордно зголемување на домашното производство и нови капацитети за производство на струја од обновливи извори.

На крајот едно е јасно, нема никаква промена во ВМРО-ДПМНЕ, оваа партија е против секоја мерка што обезбедува повеќе пари кај граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

Меџити ги отвори вратите во Владата за политичари од опозицијата

ДЕСК

Филипче: Граѓаните на Конче најдобро ја знаат разликата меѓу работата на Благој Илиев и ВМРО-ДПМНЕ

ДЕСК

Филипче: Градоначалниците од СДСМ реализираа 90 до 100 проценти од ветеното

ДЕСК