Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Скопје е во хаос и пред банкрот, ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска не знаат што да прават со мостот „Беласица“

Соопштение на СДСМ:

Неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и нивната градоначалничка Данела Арсовска го доведе Град Скопје пред банкрот, со блокирана сметка, со нефункционални јавни претпријатија, а граѓаните се соочуваат со досега невиден сообраќаен хаос.

По пожарот на мостот „Беласица“, сообраќајот во половина од градот, се одвива отежнато само преку еден мост, а граѓаните од Аеродром, Бутел, Гази Баба и Чаир патуваат со часови од и до своите работни места.

Градската власт на ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска не знаат што да прават со мостот, молчат и не кажуваат дали и што ќе преземат за санација на еден од клучните мостови во градот, по кој минува една од главните сообраќајни артерии на градот.

Ако не беше инаетот на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ, ако го довршеа мостот на булевар АСНОМ, сега граѓаните од тој дел од градот ќе имаа соодветна алтернатива, сообраќајот немаше да биде парализиран.

Поради нивната неспособност и јавниот превоз во градот е во колапс, што дополнително го зголемува сообраќајниот метеж.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски ја урна последната линија на одбрана на демократските избори

C +

СДСМ: ВМРО-ОКГ сега сама ќе внесе Бугари во Уставот – по целата кампања во која нè нарекуваше „предавници“!

C +

Филипче: Пензионерите се оштетени, власта ги „краде“ со линеарни мерки

C +