Centar.mk
ЛОКАЛНО

Град Скопје: Обид за саботажа и уништување на т.н. железнички мост во Карпош, пријава против едно лице

Град Скопје заедно со Општина Карпош денес поднесе пријава против непознат сторител поради оштетување јавен имот и саботажа откако на т.н. железнички мост во општина Карпош на булеварот Васил Чакаларов во текот на вечерта намерно се исечени и оштетени електрични и комуникациски кабли.

„Не сакаме да веруваме дека станува збор за намерна саботажа предизвикана од политичка агенда, но ако судиме по реакциите на политичките партии, кои го политизираа и пожарот на мостот ‘Беласица’, со шпекулации и предизвикување општа несигурност и паника кај граѓаните, заклучокот е загрижувачки“, велат од Град Скопје.

Апелираат до сите институции и до сите политички фактори да ги преземат сите неопходни мерки за да се спречи ваквата појава.

Можеби ќе ве интересира

Широк Сокак добива семафор: Мал сообраќаен потег, голема промена за центарот на Битола

ДЕСК

Посебен режим на сообраќај во Скопје

ДЕСК

Известување за воведување на нов сообраќаен режим на новите семафори на крстосниците со булеварот “Македонија”

ДЕСК