Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+Македонија

Битиќи: Поддршката од САД за земјава е директна поддршка за политиките на СДСМ

„Поддршката која доаѓа од САД, не само за проектот за „Бехтел и Енка“, туку за целиот евроинтеграциски пат доаѓа во право време. Добивањето на поддршка од САД од највисоко можно ниво, е само доказ дека тоа што го правиме е добро. И дека тоа што е особено критикувано од одредени чинители нема поддршка, не само во меѓубнародната заедница, туку нема поддршка и од аргументите кои се обидуваат да ги дадат“ изјави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во „Утрински печат“.

Тој додаде дека кога се дава поддршка на една држава, во тој момент се дава поддршка на Владата и чинителите што ги креираат и носат политиките.

„Во овој момент актуелната власт е предводена од СДСМ, тоа значи директна поддршка на политиките кои ќе се генерираат од страна на СДСМ и затоа сметам дека само тие што не сакаат тоа да го слушнат или да го разберат нема да го разберат“ рече Битиќи.

Вицепремиерот додаде дека ако се даде поддршка на енкој друг, ќе се даде со име и презиме, односно ако сметаат дека опозицијата е ан правиот пат, тоа би било така искажано.

„Но, за разлика од тоа што би можело да се случи, вчера беше јасно дека се дава поддршка на Владата, предводена од СДСМ, на патот кој што е избран, на одлуките кои што се носат, и се повикаа другите чинители кои што се уште го немаат фатено правецот конечно да се одлучат дали ќе го поддржат евроинтеграцискиот план и дали ќе ги поддржат политиките кои што носат напредок“ рече Битиќи.

Можеби ќе ве интересира…

Ковачевски: Не постои подобар предлог од овој кој го имаме, имаме поддршка за следните чекори и за реформи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски во интервју за Канал 5 говореше за важноста на реформскиот процес во земјата, за членство во ЕУ. Ковачевски посочи дека меѓународната… Прочитај повеќе

Османи од Братислава во Осло на НАТО министерски состанок

Од Братислава каде учествуваше на Глобсек 2023, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, патува за Осло каде ќе учествува на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на… Прочитај повеќе

Проверете дали ве има: УЈП ја објави најновата листа на должници со имиња на фирми и луѓе

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.05/2023 за долгови доспеани до 31.01.2023 и неплатени до 30.04.2023 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход,… Повеќе

Оддржана констутивна седница на НАТТА

По одлуката на Управниот одбор на Стопанската комора на Северна Македонија за основање, се одржа конститутивна седница на која се формираше Националната асоцијација на туроператори и туристички агенции на Република… Повеќе