13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Битиќи: Договорот со Бехтел и Енка е направен според меѓународно признати FIDIC правила

„Ние никогаш сме немале ваков тип на договор, како овој со Бехтел и Енка. Меѓународните договори, особено во градежништвото, се градат по меѓународно признати стандарди, тоа се FIDIC правилата и познато е дека постојат жолт и црвен FIDIC. Ова е еден хибрид помеѓу жолт и црвен FIDIC, го викаат виножито FIDIC. Во што е разликата? Ако во жолтиот FIDIC изведувачот и проектира и изведува, во црвениот државата проектира, а изведувачот изведува, овде е нешто измеѓу затоа што во суштина сепак надзорот ќе мери колични и ќе мери што ќе се направи“ изјави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во „Утрински печат“.

Тој додаде дека во договорот има клаузула која зборува за приватност и доверливост со што се одредува тајноста на самиот договор и таму е кажано дека секое објавување на детали од договорот без притоа изведувачот да даде согласност за тоа е нарушување на оваа клаузула и може да го доведе во прашање самиот договор и секако други репрекусии кои што нормално функционираат во секој потопишан договор

„Доколку изведувачот каже да, јас сакам да ги покажете сите делови од договорот, поинаку ние тоа не смееме да го направиме. Тоа е основното начело. Но, тајноста се однесува на деловните процеси кои што самиот изведувач ги користи. Ние секако ги обзнанивме информациите како чинењето на самиот проект, временскиот период, начинот како се спроведува“ рече Битиќи.

Вицепремиерот додаде дека ова не е класичен договор во кој што имате пресметка, па кажувате цена по единици, па после испаѓа плус 100 отсто.

„Овде од почеток се дава цена за целиот автопат, во кој што изведувачот го презема одредениот ризик за сите непредвидени работи. Затоа е признаено дека тоа може да биде варијација од 20 отсто т.е цената е 20 отсто повисока затоа што ризикот е преголем“ рече Битиќи.

Спонзорирано: