Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Битиќи: Го променивме системот за градење бидејќи сите проекти досега не чинеле повеќе и траеле подолго од планираното

„Кога правевме анализи воочивме дека во нашата држава, во изминатите 30 години намерно се направени пропусти и во проектирање и во начинот на изведување, на избор на изведувачот, дури и компаниите кои што се појавувале вообичаено, критериумот најбитен бил најниска цена. Но, нема ниту еден случај во кој што тоа што е договорено е завршено со истата цена. Сите се завршени со суми далеку над првичните цени“ изјави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во „Утрински печат“.

Тој додаде дека ниту еден од проектите не е завршен во временски период кој што бил предвден првично, бидејќи во сите проекти имало низа пропусти.

„За квалитетот можеме да дискутираме затоа што ние се возиме по одредени делници кои што се изградени во минатото и кои што се градат во овој момент. Ние мораме еднаш засекогаш да кажеме дали треба да се возиме по квалитетни и пред се безбедни и навремено во временски период кој што граѓаните заслужуваат да го добијат“ рече Битиќи.

Вицепремиерот додаде дека не е вистина дека за овие проекти и автопатски решенија нема физибилити студија, бидејќи таа физибилити студија за автопатско решение е направена во времето на владеењето на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

(фото) Санкциониран штипјанец кој управувал возило со брзина констатирана од полициски пресретнувач од 105 км на час во населено место

ДЕСК

Малолетник со пиштол се заканувал кон врсник поради девојка – полицијата го одзеде пиштолот во кој имало еден куршум

ДЕСК

Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник

ДЕСК