Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Битиќи: 51 отсто од договорите со Бехтел и Енка мора да бидат со наши подизведувачи, 51 отсто од ресурсите мора да бидат наши

„Условот е даден за проектите на Бехтел и Енка, 51 отсто од договорот мора да биде со наши подизведувачи, 51 отсто од ресурсите мора да доаѓаат од дома. но, на пример, на автопатоското решение ќе мора да има енергенси, ние немаме домашен ресурс нафта, тој секако е увезен“ рече вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во „Утрински печат“.

Тој додаде дека Бехтел и Енка имаат свои машини, свои работници и проектен тим, а веќе и вработуваат нови луѓе.

„Во одредено време во различни фази на проектот, бројката на вработени и од администрација, но и тие кои се директно на терен ќе варира од 1700 па до 4000. Овде не се подизведувачите, затоа што тие ќе носат други, дополнителни работници на терен, друга механизација“ рече Битиќи.

Можеби ќе ве интересира

Првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали официјално го отвори 11-тиот ЕУСАИР Форум во Скопје

ДЕСК

НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: УХМР со вонредни најави за времето

ДЕСК

(фото) Царинска управа: Златна плочка вредна 4,5 милиони денари пронајдена во чевел на патник на граничен премин Богородица

ДЕСК