Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведен државјанин на Албанија за незаконит риболов

Приведен државјанин на Албанија поради незаконит риболов и илегално преминување државна граница.

„На 16.5.2023, во 12 часот, на подрачјето на Струга, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Охридско Езеро, го привеле А. Т. (37) од Република Албанија поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело незаконит риболов, казниво по член 229 од Кривичниот законик, и за илегално преминување на државна граница, казниво по член 9 од Законот за граничната контрола“, соопшти МВР.

Лицето било предадено на полициски службеници од Полициската станица Струга за понатамошна постапка.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски призна, со ВМРО-ОК Македонија нема да стане членка на ЕУ – предадени се националните интереси

ДЕСК

Снег врне на овие патни правци, внимателно возете вечерва – Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК

Циклон носи дожд и пад на температурите: Среда и четврток најкритични – детална прогноза за следните четири дена

ДЕСК