6. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Прегазени двајца пешаци

На 16.05.2023 во 22.40 часот во СВР Тетово било пријавено дека на крстосница од улиците „Браќа Ѓиновски“ и „Мајор Чеде Филиповски“ во Гостивар, патничко возило „фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 26-годишниот гостиварец Н.А., удрило во 65-годишниот пешак С.Т, исто така, од Гостивар, по што го напуштило местото, но возачот набрзо бил пронајден и приведен. Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“. На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.

На 16.05.2023 вo 11.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Ацо Шопов“ во Скопје, товарно возило „фиат фиорино“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Ј.Р.(53) од Скопје, удрило во пешакот Е.Х.(37). Во несреќата Е.Х. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.