Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Левица: ДПМНЕ го гласаше Буџетот на Град Скопје за сега да прави театар во јавноста

Искусните мајстори за замајување на јавноста ВМРО-ДПМНЕ, кои година и пол си го имаат “на ти го – дај ми го” со Владата на СДС и ДУИ и глумат лажна опозиција, не застануваат со бесрамниот политички циркус и упорните обиди во нивните соопштенија да ја дискредитираат Левица со лажни обвинувања, реагираат од Левицата.

„За раководство на оваа партија кое бега од одговорноста за своите постапки, поважно беше опозицискиот бран од локалните избори да резултира со можност тие криминално да кохабитираат со централната власт, наместо да издејствуваат предвремени парламентарни избори.

Иако ја обвинуваат Левица за непостоечки коалиции во Град Скопје, неодамна советниците на ВМРО-ДПМНЕ гласаа за Буџетот на градот за 2023 година, како што тоа го направија и за претходната година – за сега да манупулираат со здравиот разум на јавноста. Ова деструктивното дејствување е во корист на сегашната поделба на власта помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, кои заедно ја изопачуваат висината во заедничката бескрупулозната кампања насочена кон Левица, единствениот противник на гнилиот систем кој заедно го создаваат“, се вели во реакцијата на политичката партија.

Можеби ќе ве интересира

Доаѓа нагла промена: Еве кога ќе врне најмногу и каде ќе има снег!

ДЕСК

ДРАМА ВО ПОЗНАТ ЛОКАЛ ВО КАРПОШ: Избила физичка пресметка меѓу четворица скопјани, еден бил удрен од тврд предмет – отиде и дел од инвентарот

ДЕСК

Грабеж среде бел ден во центарот на Скопје: Додека се качувала во автобус, била ограбена

ДЕСК