Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Гостиварец прегазил пешак и побегнал, подоцна бил пронајден и приведен

65-годишен гостиварец е тешко повреден кога во него удрил автомобил синоќа на крстосницата од улиците Браќа Ѓиновски и Мајор Чеде Филиповски во Гостивар.

Според информациите, 26-годишен гостиварец со „фолксваген голф“, со гостиварски регистарски ознаки, го удрил пешакот С. Т. и побегнал од местото.

Во несреќата пешакот добил тешки телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“.

Возачот Н. А. набргу бил пронајден и приведен. На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.

Можеби ќе ве интересира

19 КРИВИЧНИ ДЕЛА ЗА ЕДНО ДЕНОНОЌИЕ – Полицијата приведе 17 лица поради опасно возење

ДЕСК

МИЦКОСКИ ДЕНЕСКА ВО ОХРИД – Ќе присуствува на отворањето на нов производен капацитет на компанијата „АСП – ПАК“

ДЕСК

ПОНЕДЕЛНИК НОСИ ОБЛАЦИ И ЛОКАЛЕН ДОЖД – Еве какво време нè очекува на почетокот од работната недела

ДЕСК