Повеќето луѓе ги отвораат вратите од спалната соба навечер. Така воздухот подобро тече, попријатно им е да спијат, а оние кои имаат деца можат подобро да ги слушнат.
Речиси 60 проценти од луѓето го гледаат тоа така и едноставно не размислуваат премногу за тоа.
Сепак, дали вратата од спалната соба е отворена или не, може да одлучи за животот и смртта.
FSRI, Институтот за безбедносни истражувања, спроведе големо истражување во Америка. Резултатот го покажа следново: повеќето луѓе веруваат дека е побезбедно да се спие со отворена врата. Меѓутоа, точно е спротивното. Имено, кога вратата е затворена, се забавува ширењето на пламенот во случај на пожар, се намалува токсичниот чад, се подобрува нивото на кислород во просторијата и се намалува температурата.
Во текот на изминатите неколку децении, просечното време за бегство од пожар падна од 17 на три минути, или помалку. Причината за тоа е зголеменото количество на вештачки материјали во градежништвото или во мебелот и украсните предмети. Покрај запаливите материјали, изградбата на отворен план сега е поопасна за ширење на пожарот отколку порано.
Во голема кампања во САД, безбедносните организации во соработка со пожарникарите спроведоа голема кампања и предупредија дека затворените врати можат да играат одлучувачка улога во спасувањето човечки животи. Тие советуваат и дека вратата од детската соба треба да се затвори.