Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија

Ковачевски од Рејкјавик: Интеграцијата на земјите од Западен Баклан во ЕУ е инвестирање во безбедноста на Европа

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски во рамки на четвртиот Самит на Советот на Европа, учествуваше на Тралезна маса зад затворени врати, на која се разговараше за моделите за зачувување и развој на демократијата во време на огромни ризици по истата.

Во дискусијата, претседателот на Владата Ковачевски се осврна на обврската на сите земји силно да ја осудат агресијата против основните принципи на меѓународното право и светскиот поредок, меѓу кои и денократијата, како и да покажат солидарност и единство во одбраната на моралните вредности, посебно во време на глобални предизвици. Секоја форма на агресија и страдање на цивилно население, како средства за постигнување цел, беше оценета како неприфатлива.

Беше нагласена и важноста од брза интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ, како инвестиција во зацврстување на безбедноста на Европа, за што развојот на демократијата и човековите права се основни темели.

Со Тркалезната маса, на Самитот на Советот на Европа, ко-претседаваа претседателот на Романија Клаус Јоханес и премиерот на Луксембург Хавиер Бетел, а учествуваа претседателот на Европскиот Совет Шарл Мишел, претседателката на Словачка Сузана Чапутова, премиерите на Грузија Иракли Гарибашвили, Норвешка Јонас Гар Сторе и Италија Џорџија Мелони.