Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+Македонија

Шкријељ: Ние возрасните треба да се запрашаме дали навистина ги учиме нашите деца на вистинските вредности и почитување на различностите

Пратеничката Санела Шкријељ, во своето обраќање на конференцијата „Односи меѓу заедниците: Перцепции, надежи и стравови, предизвици и решенија“ во организација на ЦИВИЛ-Центар за Слобода, вели дека мултикултурализмот се соочува со предизвици.

„Под различности не спаѓаат само етничките групи, туку сите суб-групи кои имаат повеќе идентитети. Нашите идентите се градат во интеракција со различностите. Нашиот идентитет не може да е загрозен туку може да е зацврстен кон патот кон Европската унија.

Таа посочи дека едно неодамнешно истрашување покажа дека имаме проблеми да живееме едно со други, или да живееме во близина на некои одредени групи.

Почитувањето на мултиклтурализмот, на различностите и дијалогот се наша оштетсвена преокупација. Поради различности нашиот идентитет никогаш и никако не може да биде загрозен.
Напротив, колку сме порзлични во етничка смисла толку заедно сме поцврсти. За жал потојано сме сведоци на појави на анти движења од сите видови, на појави на национализам, на ксенофобии, на говори на омраза и разни пропаганди за нееднаквости.

Политичарите го јакнат национализмот. Политичарите во своите говори на конференции се залагаат за мултикултурализмот, но дали по завршување на конференцијата навистина се залагаат за тоа?

Таа нагласува дека за сево клучот е во обрзование. Во посветеноста на возрасните спрема воспитувањето на децата. Дали нашите најмали ги учиме да живеат едни покрај други или едни со други. Ние знаеме дека само преку второво можеме да изградиме и здрви генерации и здрво и оджливо општество.

Во образованието се вклучени изучување на јазикот и културата на другите. Ние возрасните треба да се запрашаме дали навистина ги учиме нашите деца на вистинските вредности и почитување на различностите“, рече Шкријељ.

извор Цивилмедиа

Можеби ќе ве интересира…

Шеќеринска: Оптимист сум за нашиот влез во ЕУ

Во моментов Европската Унија е заинтересирана да го штити европскиот континент и го гледа забрзаното проширување како безбедносен влог, истакна поранешната министерка за одбрана Радмила Шеќеринска за време на панел-… Прочитај повеќе

Коциќ: Пратениците да се вразумат, или ќе одиме напред или ќе останеме без перспектива

Периодов јасно се гледа дека постои поделбата на проевропски и анти-ЕУ блок, рече пратеникот на СДСМ Ненад Коциќ во гостувањето во Телма телевизија. Тој обвини дека во однос на процесот… Прочитај повеќе

Колумна на Азески: Економијата пред политиката, извозот над сите нив

ДЕКЛАРАЦИЈА, ДОГОВОР МЕЃУ ЈАВНИОТ И ПРИВАТНИОТ СЕКТОР, ЕКОНОМИЈАТА ПРЕД ПОЛИТИКАТА, ИЗВОЗОТ НАД СИТЕ НИВ Многу бизнисмени долго време ме прашуваат која е појдовната точка за излез од сегашната состојба. Анкетите… Повеќе

Проверете дали ве има: УЈП ја објави најновата листа на должници со имиња на фирми и луѓе

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.05/2023 за долгови доспеани до 31.01.2023 и неплатени до 30.04.2023 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход,… Повеќе